Поп пејачката Тамара Тодевска по 7 години брак и 2 дечиња се разведе од кошаркарот Александар Димитровски – Мачка. До сега не зборуваше за разделбата а во последното интрвју за „Гранд магазин“ ги откри причините за одлуката која воопшто не била донесена преку ноќ.
– Официјално сè уште сме во брак, но не живееме повеќе заедно. Останавме во одлични односи поради двете деца и се согласуваме подобро и од кога бевме во брак. Разделбата беше одлична работа што ја направиме еден за друг. Знаете, сите ги имаме тие успеси и падови во животот. Секакви работи ни се вртат во главата, особено нам жените. Сè може да нѐ донесе во тој безизлезен кафез. Но, за сè има излез и само треба да се сака и да се верува во тоа. Јас не бев сама кога се разделивме. Тука беа пријателите, родителите, психолозите, односно луѓето кои се експерти за овие теми. Не се срамам од тоа што го направив и најважно ми е што излегов од тој кафез – рече Тамара во емисијата „Гранд магазин“.
Најновата песна „Нијагра“ на Тамара е создадена во моментот на нејзината најголема тага, односно моментот кога решила да стави крај на заедничкиот живот со Мачка.
– Долго време живеев во тој некаков кафез. Сè ми се вртеше во некаков круг. Додека ја пишував песната како некој бес да излегуваше од мене. Песната е за сите кои имале проблем со говорот на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани во животот, погрешно етикетирани или се нашле во безизлезна ситуација – рече Тамара.
Најголема поддршка за нејзината одлука добила од нејзиното семејство.