Талат Џафери ќе биде технички премиер – Бујар Османи ја соопшти одлуката на ДУИ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, на својот Фејсбук профил потврди дека актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, ќе биде првиот премиер Албанец.

„Состанок на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (Тетово 8.12.2023):

  1. Политички случувања во државата

2. Подготовки за избори

3. Внатрепартиски избори

4. Разно
Одлуки:

5. Одлука за учество на претседателски и парламентарни избори

6.  Премиер на Владата на Северна Македонија од 28 јануари ќе биде актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

7. За шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024 година е избран Фатмир Бесими.

8. Се овластува претседателот на Партијата да ги продолжи разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори“, напиша Османи.

- Advertisement -
Ad image

Првиот круг од претседателките избори ќе се одржи на 24 април, а две недели подоцна на 8 мај ќе спојат вториот круг од претседателските со парламентарните избори.

Share This Article