More

    Тајван тврди дека Кина извршила маневри околу островот

    spot_img

    Кинеското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Кина „е единствената што носи одлуки“ за организирање воени маневри околу Тајван, откако Тајпеј објави дека воените вежби се завршени, што Пекинг не го потврди.

    Тајван тврди дека Кина оваа недела извршила поморска вежба, една од најголемите во последниве години, во која учествувале околу 90 кинески воени бродови.

    Тајванските власти денеска објавија дека кинеските бродови се вратиле во матичните пристаништа и дека маневрите се „завршени“.

    Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана ниту ја потврди ниту ја демантираше оваа информација.

    „Ние сме единствените кои одлучуваме дали ќе ги одржиме овие вежби или не, врз основа на нашите сопствени потреби“, рече портпаролот.

    Тој додаде дека зачувувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет се „фундаментални интереси“ за Кина и дека секој обид на Тајпеј да постигне независност „ќе биде строго казнет“.

    Кина го смета Тајван за дел од својата територија и не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање контрола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img