More

    Христијанскиот свештеник Брендон Бигс, човекот кој на видео на Јутјуб е претставен како пророк, пред 4 месеци најави дека ќе има атентат врз Доналд Трамп

    spot_img

    Христијанскиот свештеник Брендон Бигс, човекот кој на видео на Јутјуб е претставен како пророк, пред 4 месеци најави дека ќе има атентат врз Доналд Трамп.

    Она што го кажа тогаш пред камерите денес изгледа неверојатно бидејќи Бигс речиси детално опиша што се случи за време на саботниот митинг во Батлер, Пенсилванија.

    – Го видов атентатот врз него. Куршумот помина покрај неговото уво и дојде толку блиску до главата што му го проби тапанчето – изјави Бигс за време на видеото кое штотуку стана вирално.

    Иако медиумите никаде не го спомнаа оштетувањето на ушното тапанче на Трамп, речениците на Бигс сега предизвикаа голем интерес.

    – Видов нов бран на патриотизам кој се шири како шумски пожар низ САД, како Трамп се издигнува и како се обидуваат да го убијат. Еден куршум помина покрај неговото уво. Мина толку блиску што му го прободе тапанчето. Го видов како клекна на колена, почна да му се поклонува на Господ и како радикално се прероди. Како станува некој што е многу страстен за Исус – рече Бигс.

    Свештеникот ја најави победата на Трамп на претседателските избори.

    – Видов и дека ќе победи на изборите, но, бидејќи многумина му судат, и разни судски процеси. Но, на тоа ќе му дојде крајот. За жал, ќе следи голем економски колапс, полош од Големата депресија во 1929 година – додава свештеникот Бигс.

    Проследете го видеото, а пророштвото за атентатот е во 11 минута.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img