More

    Тајван испука предупредувачки истрели кон кинески дрон

    spot_img

    Тајван испука предупредувачки истрели кон кинески беспилотно летало што прелета над островот во вторникот, набргу откако претседателката Цаи Инг-вен рече дека и наредила на војската на Тајван да преземе „силни контрамерки“ против, како што смета, кинеските провокации.

    Ова е првпат да се испукаат предупредувачки истрели по последното избивање на тензии меѓу Кина и Тајван, за кои Пекинг тврди дека е нејзина територија.

    Воен портпарол изјави дека дронот се вратил во Кина по инцидентот.

    Тајван претходно се жалеше на кинеските беспилотни летала кои постојано летаат околу мали групи острови во близина на кинескиот брег. Неодамна, како дел од воените вежби на Пекинг, тие прелетаа над островите Кинмен, кои припаѓаат на Тајван.

    Кина на почетокот на август спроведе вежби околу островите, по посетата на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

    Веднаш не се огласија од Кина. Во понеделникот, кинеското Министерство за надворешни работи ги отфрли жалбите на Тајван за прелети со беспилотни летала, нарекувајќи го „нешто што не треба да се препукува“.

    Островите Кинмен, во најблиската точка, се оддалечени само неколку стотици метри од кинеската територија и се наоѓаат спроти кинеските градови Ксиамен и Куанжу.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img