Повеќе од 400 платеници по наредба на Кремљ пристигнуваат во Киев за да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски и членовите на неговата влада, со што се подготвува теренот Москва да ја преземе контролата, дознава лондонски Тајмс.
Групата Вагнер, приватен милитантен одред предводен од еден од најблиските соработници на Путин, кој функционира како продолжена рака на државата, испрати платеници од Африка пред пет недели во мисија да ја обезглават владата на Зеленски во замена за значителна сума пари.
Информациите за нивната мисија стигнаа до украинската влада во саботата наутро. Неколку часа подоцна, Киев прогласи строг полициски час од 36 часа за да го пребарува градот по руски диверзанти, предупредувајќи ги цивилите дека доколку ги напуштат своите домови, ќе се сметаат за агенти на Кремљ и ќе бидат во опасност да бидат ликвидирани“.