More

    Тајланд откри значителни резерви на литиум: Едно од најголемите наоѓалишта во светот

    spot_img

    Тајланд откри резерви на литиум од околу 15 милиони тони, со што оваа земја би станала една од земјите со најголеми наоѓалишта на овој метал, кој е клучен за енергетската транзиција, објави денеска портпаролката на владата во Бангкок.

    Депозитот се проценува на 14,8 милиони тони и се наоѓа во провинцијата Фанг Нга, на југот на Тајланд и недалеку од туристичкиот остров Пукет, изјави владината портпаролка Рудклао Интавонг Суванкири за локалната телевизија.

    „Ова е добра вест. Тоа е можност за Тајланд да стане самодоволен во производството на батерии за електрични возила“, рече таа.

    „Се обидуваме да откриеме која количина може да се искористи. Потребно е време“, додаде таа.

    Ова наоѓалиште го става Тајланд зад Боливија (23 милиони тони) и Аргентина (20 милиони), каде што се концентрирани речиси половина од светските резерви на литиум.

    Европската комисија го класифицираше литиумот како „критична суровина“ во 2020 година.

    Премиерот на Тајланд, Срета Тависин, кој е на функција од август, сака да ја забрза транзицијата на Тајланд, голем центар за производство на автомобили, кон електрична енергија. Кинескиот гигант BYD планира да ги произведе своите први електрични возила оваа година во нова фабрика во Рајонг, источен Тајланд, прва од ваков вид во Југоисточна Азија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img