Една од најзгодните спортистки во светот, Американката Трејси Калахан (34) им се придружи на голем број од оние кои покрај професионалните кариери решија да направат и сајт за возрасни.Трејси со години игра одбојка на плажа, откако на факултет играше „вистинска“ одбојка. Таа процени дека подобро ќе се снајде во оваа малку поинаква верзија на спортот, што засега се покажува како точно, бидејќи стигна дури и до репрезентацијата на САД.
Нејзината цел е да освои златен олимписки медал во Париз во 2024 година, но дотогаш има уште многу работа.