More

    СЗО: Забележан е раст на бројот на заразени во светот

    spot_img

    Неделниот број на заразени со ковид-19 во светот порасна за првпат од крајот на јануари, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО).

    Во втората недела од март, бројот на новозаразени е за осум отсто поголем, отколку во претходната седмица.
    Oд 7 до 13 март, евидентирани се над 11 милиони нови случаи на ковид-19 и 43.000 смртни случаи од, или со, коронавирус.

    Порастот во споредба со претходната недела, посебно се забележува во регионите на Западниот Пацифик – 29 отсто, како и на Африка – 12 проценти.

    Во Европа, пак, забележан е седмичен пораст од два отсто. Бројот на случаи е намален во источниот Медитеран, Југоисточна Азија, како и во Северна и во Јужна Америка.

    Вкупниот број потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус, од почетокот на пандемијата, достигна до 455 милиони. Регистрирани се шест милиони смртни случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img