Свршеницата на популарниот српски актер Милош Биковиќ на Инстаграм објави фотографија на која ги држи нозете на бебето, а во описот на фотографијата додаде и емотикони од снегулки, шепи и жирафи, кои се наоѓаат на дизајнот на облеката на бебето, додека во коментарите воодушевените следбеници и честитаа на новородениот син.
Инаку, убавата адвокатка Ивана и претходно, по излегувањето од породилиште, се огласи на Инстаграм, а завчера објави идиличен пејзаж од нивниот дом, споделувајќи фотографија од снежната глетка од прозорецот.
Ивана и Милош станаа родители на момче на 9 јануари.
Како што пишува српски „Курир“, Биковиќ и неговата избраничка на својот син му го дале името Василије, а името на наследникот не е случајно избрано. Имено, двојката доби син во пресрет на Свети Василиј, а ден пред овој голем христијански празник актерот слави роденден.
Василије е роден четири дена пред роденденот на татко му, а актерот на Инстаграм истакна дека тоа му бил најубав подарок и благослов.
ФОТО: Инстаграм