More

    Таткото на Андријана Лазиќ оди во Дубаи да дознае како загинала ќерка му

    spot_img

    Српската пејачка Андријана Лазиќ неодамна почина откако падна од 24-ти кат во Дубаи, каде што отиде со своите другарки на одмор. Неутешниот татко на младата пејачка Небојша истакна дека сега се подготвува да замине за Дубаи, за да открие како се случила оваа голема трагедија.

    Минатиот петок, да потсетиме, семејството на Андријана ја испрати во вечното почивалиште. Во најновата објава Небојша побара малку трпение од јавноста бидејќи нема да преземе ништо додека не поминат најмалку 40 дена од нејзиниот погреб, пишува српски „Ало“.

     

    – Иако нејзиниот случај предизвикува интерес кај многумина, треба да се има разбирање за семејството бидејќи само ние, семејството ја чувствуваме вистинската болка – започна тој, а потоа напиша:

    – Нашите православни обичаи бараат да молчиме во период од 40 дена. Јас како припадник на МУП секојдневно сум во контакт со директорот на полицијата во Дубаи Иса Ахмед Салем Ахмед и штом поминат 40 дена ќе одам директно во Дубаи директно да учествувам во истрагата – објасни тој на својот Фејсбук, а потоа ги спомна пријателките со кои патувала неговата покојна сакана.

    – Само сакам да кажам дека нејзините пријателки со кои била во Дубаи не се под никаков сомнеж и затоа полицијата им дозволила да се вратат дома. Директно побарав од директорот на полицијата да ги пушти. По 40 дена директно ќе и се обратам на јавноста и ве молам да бидете трпеливи дотогаш – заклучи тогаш Небојша.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img