More

    Светските берзи пораснаа, тргувањето е неизвесно

    spot_img

    На светските берзи минатата недела се тргуваше многу несигурно, при што цените на акциите варираат во зависност од случувањата во Украина, цените на нафтата и економските показатели, особено инфлацијата.

    На Волстрит, Dow Jones минатата недела падна за 0,1 отсто, на 34.818 поени, додека S&P 500 порасна за 0,1 отсто на 4.545 поени, а индексот Nasdaq за 0,7 отсто, на 14.261 поени.

    На почетокот на неделата, тие индекси нагло пораснаа, благодарение на оптимизмот на инвеститорите по веста дека во мировните преговори Русија вети драстично намалување на воените операции околу Киев, а Украина предложи неутрален статус.

    Но, војната во Украина продолжи, а инвеститорите во втората половина од неделата беа вознемирени од заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја прекине испораката на гас за европските земји доколку не ги плати во рубљи.

    Белата куќа, пак, воведе нови санкции кон Русија и најави досега најголема продажба на нафта од стратешките резерви со цел да се спречи понатамошен раст на цената на „црното злато“.

    Силниот раст на цените на нафтата и другите суровини од почетокот на војната во Украина го поддржува зајакнувањето на инфлаторните притисоци.

    Како резултат на тоа, во последните недели стана речиси вообичаено берзанските индекси да растат кога цената на нафтата паѓа и обратно.

    А новите податоци потврдија дека инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години.

    Според индексот на потрошувачки цени, инфлацијата, без цените на храната и енергијата, во февруари достигна 5,4 отсто на годишно ниво, а кај цените на енергијата и храната 6,4 отсто.

    „Иако податоците се во согласност со очекувањата, бројките се повисоки од минатиот месец и веројатно ќе продолжат да растат. А тоа само ја зајакнува позицијата на ФЕД да биде поагресивен во борбата против инфлацијата“, вели Кен Полцари, партнер во Kace Capital Advisors.

    За да ја ограничи инфлацијата, Федералните резерви на САД неодамна ги зголемија клучните каматни стапки за прв пат од 2018 година, за 0,25 процентни поени, а може да ги зголеми за дополнителни 0,50 процентни поени веќе во мај.

    Инвеститорите стравуваат дека стапката на зголемување на каматните стапки ќе биде уште поагресивна од очекуваното, со оглед на добрите показатели од американскиот пазар на труд.

    Во петокот беше објавено дека бројот на работни места се зголемил за 431.000 во март, при што стапката на невработеност паднала на 3,6 отсто, блиску до двегодишниот минимум.

    „Извештајот покажува дека се повеќе луѓе се враќаат на работа. Ако другите показатели се толку добри до следниот состанок на ФЕД, лидерите на централните банки веројатно ќе ги зголемат каматните стапки за 0,50 процентни поени“, рече Брајан Јакобсен, стратег во Allspring Global Investments.

    И на европските берзи цените на акциите пораснаа минатата недела. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,7 отсто, на 7.537 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1 отсто, на 14.446 поени, а париски CAC 2 отсто, на 6.684 поени.

    На токиската берза индексот Никеи се лизна за 1,7 отсто на 27.665 поени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img