More

    Светски познатиот гуру доживеа удар, се пошегува по операцијата

    spot_img

    Светскиот познатиот мудрец Садгуру доживеал мозочен удар со големо крварење. Тој се опоравува од ударот во болница и во моментот закрепнува исклучително добро, велат неговите доктори. По операцијата мудрецот се пошегувал за својата состојба:

    – Неврохирурзите сечеа и ми го отворија черепот за да најдат нешто, но не најдоа ништо и ми го затворија. Тотално шупливо. Па се откажаа и черепот повторно го споија. Тука сум, во Дали, со отворен череп, но мозокот ми остана неоштетен.

    На неговата фејсбук-страна беше објавено дека Садгуру четири недели по ред игнорирал силна главоболка, а притоа „се предал на својот исцрпувачки распоред“.

    На 15 март на магнетна снимка било откриено големо крварење во мозокот. Сепак, Садгуру одбил да ги откаже своите обврски, вклучително и неговата сесија на Конклавата India Today на која присуствуваше под дејство на моќни лекови против болки и седативи.

    На 17-то утро, Садгуру морал итно да биде пренесен во болница каде што било откриено дека има оток во мозокот опасен по живот.

    По операцијата неговите лекари изјавија:

    – Се шегувавме со него дека направивме сè што можевме, но вие самите се лекувате. Видот на подобрување што го гледаме е над нашите очекувања. Тој сега е исклучително добро. Телото и виталните параметри се нормални и тој постојано напредува – вели неврологот д-р Винит Сури од болницата Аполо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img