„Го создаваме Бога. Ние создаваме свесни машини“.
Вака во септември изјави инженер за вештачка интелигенција кој работи на големи јазични модели за „Vanity Fair“. Неговата изјава не е многу различна од онаа на Сем Алтман, газдата на ОпенАИ, компанијата која го развива ЧатГПТ, пишува Футуризам.
Тој рече дека мисијата на компанијата е „Генерална вештачка интелигенција“ (АГИ ) која е и „безбедна“ и од која може да има корист „целото човештво“.
Ова е прилично нејасна визија. Што подразбира Алтман под безбедна и корисна? А што под возвишена или, како што за Фајненшл Тајмс го опиша претстојниот ЧатГПТ-5 – „магична интелигенција на небото“?
Според Алтман, компанијата го дефинира АГИ како „систем кој ги надминува луѓето во најекономично вредната работа“, многу поприземен опис на она што е семоќна „суперинтелигенција“ за Алтман.
Во интервјуто за Атлантик претходно оваа година, Алтман наслика розова и шпекулативна визија за иднината напојувана од АГИ, опишувајќи утопистичко општество во кое „роботите кои користат сончева енергија за енергија можат да одат и да ги ископуваат и да ги рафинираат сите минерали што им се потребни и дека „сето тоа (ќе се случува) без да се бара придонес од човечки труд“.
Зборот „дигитален бог“ за вештачката интелигенција го употреби и Илон Маск – кој беше коосновач на компанијата на Алтман. Во изјава за Фокс Њуз Маск рече дека основачот на Гугл, Лери Пејџ, „сакал (да направи) еден вид дигитална супер-интелигенција“ која на крајот ќе стане „во основа земено дигитален бог, што е можн
– Причината зошто воопшто постои Отворена вештачка интелигенција е тоа што Лери Пејџ и јас бевме блиски пријатели и останував во неговата куќа во Пало Алто и разг