More

    Судијката Мери Дика Георгиевска назначена за претседателка на Апелацискиот суд Скопје

    spot_img

    Судскиот совет на денешната седница ја назначи судијката Мери Дика Георгиевска, за претседателка на Апелацискиот суд Скопје. Дика Георгиевска од февруари годинава ја извршуваше функцијата како вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје.

    Судијката Мери Дика-Георгиевска, е кума на осудениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски-Боки 13. Таа беше и еден од сведоците во овој случај во кој и се судеше и на поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева

    По завршувањето на Правниот факултет во 1986 година, Дика работи во адвокатурата се до 1996 година, кога е избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје на стопанска материја. Таму работи до 2005 година, кога е избрана за судија во Апелација.
    Од 2012 до 2018 година, таа е член на Судскиот совет, по што се враќа во Апелација.

    На денешната седница на Судскиот совет, судијката Татјана Петровска е избрана за претседателка на Основниот суд во Битола, а Јасмина Шишковска Стојковиќ за претседателка на Основниот суд во Прилеп.

    Во Основните судови во Велес, Делчево, Крива Паланка и Штип, досегашните претседатели ќе останат да ја вршат функцијата в.д. претседатели сѐ до изборот на нови претседатели.

    Во судот во Куманово претседателката Снежана Манева, беше повторно избрана на раководната функција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img