Членовите на Судскиот совет Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите, потврдија за МИА од Судскиот совет.
Апелациониот судија Зоран Герасимовски и врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова беа избрани за членови на Советот на непосредни избори, од редот на судиите.
Оставките се депонирани денеска во архивата на Судскиот совет, а причините засега се непознати.
Оставките доаѓаат во период кога ова тело се соочува со низа критики кои ескалираа со контроверзното разрешување на претседателката Весна Дамева, која беше покренато од група членови поради човечките односи во Советот.