Створиле армија од 30.000 лажни профили и дебело наплаќале

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тим од хакери во Израел тврди дека манипулирале со повеќе од 30 избори ширум светот преку софтвер со кој може да се создадат лажни профили и ботови на социјалните мрежи, но и преку нудење други услуги. Хакерите беа разоткриени од група новинари од разни земји кои го истражуваа случајот и ги снимиле на камера разговорите со нивниот водач, извесен Тал Ханан, 50-годишен поранешен разузнавач, пишува Гардијан во своја анализа.

Лажните профили и црните операции

Ханан го користел кодното име тим „Хорхе“ за да праќа мејлови и да соработува со повеќе држави. Тој тврди дека со години поседува армија од 30.000 лажни профили. Тројца новинари му пристапиле претставувајќи се како потенцијални клиенти кои сакаат да влијаат избори во една африканска земја. Ханан, односно „Хорхе“ им рекол дека тој работел на „црни операции“ низ Африка, Јужна и Централна Америка, САД и Европа.

Рекол дека би им наплатил од 6 до 15 милиони долари за мешање во изборите и дека прима наплата и во криптовалути. Снимката која ја објави Гардијан го поврзува Хорхе со „Кембриџ Аналитика“, сега веќе непостоечката компанија која беше обвинета дека преку лажни статистики му помогна на Доналд Трамп да стане претседател во 2016 година.

Софтверот кој може да направи сè

Но, според мејловите кои Гардијан ги анализирал испаѓа дека тимот на Ханан наплаќал помали суми. Еден од нив сугерира дека во 2015 година тој побарал 160.000 долари од сега веќе непостоечката британска консултантска компанија „Кембриџ Аналитика“ за учество во осумнеделна кампања во една латиноамериканска земја.

Една од клучните услуги на тимот Хорхе е софистициран софтверски пакет, „Advanced Impact Media Solutions“ или АИМС – во превод, „цели“. Софтверот брзо создава лажни профили со цели биографии. Некои аватари имаат дури и сметки на Амазон со кредитни картички, биткоин паричници и сметки на Ер-Би-Ен-Би.

Нема докази дека било која од кампањите за кои работел тимот на Ханан продолжила. Меѓутоа, другите протечени документи откриваат дека кога тимот работел тајно на претседателската трка во Нигерија во 2015 година, тоа го сторил заедно со „Кембриџ Аналитика“.

Каков профил сакате, шпански, руски, азиски…?

Покажувајќи како работи софтверот АЈМС, Ханан во видеото поминува низ десетици аватари и покажа како може да се создадат лажни профили за миг, користејќи опции за избирање националност и пол и потоа да се усогласат профилните слики со измислени имиња.

– Ова е шпански, руски, гледате азијци, муслимани. Ајде да направиме кандидат заедно – им рече тој на тајните новинари, пред да се реши на една слика на бела жена.

– Софија Вајлд, ми се допаѓа името, британско е. Таа веќе има е-пошта, датум на раѓање, сè – додава тој.

- Advertisement -
Ad image

Фотографијата на „Софија Вајлд“ се чини дека е украдена од руски профил на социјалните мрежи што ѝ припаѓа на жена која живее во Лидс.

Гардијан и неговите партнери за известување ја следеле активноста на ботовите поврзани со Ајмс на интернет. Тие ботови стоеле зад лажни кампањи на социјалните мрежи, кои претежно вклучуваат комерцијални спорови, во околу 20 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Канада, Германија, Швајцарија, Мексико, Сенегал, Индија и Обединетите Арапски Емирати.

Тројцата новинари кои му пристапиле на Ханан, односно „Хорхе“ биле од Радио Франс, Хаарец и ДеМаркер. Тие сега имаат шест часа снимки од разговори со некогашниот израелски разузнавач.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article