More

    Студијата покажа дека децата со омикрон се заразни во просек три дена

    spot_img

    Децата кои се заразени со омикронската варијанта на коронавирусот се заразни во просек три дена по позитивниот тест, покажа новото истражување.

    Веќе на петтиот ден повеќето деца повеќе не се заразни, тврдат научниците кои ги објавија резултатите од истражувањето во списанието „JAMA Pediatrics“.

    Додаваат дека информацијата е валидна без разлика дали децата се вакцинирани или не.

    За истражувачки цели, научниците од американскиот универзитет Стенфорд анализираа брисеви од носот на 76 деца и адолесценти на возраст под 18 години, позитивни на Ковид-19. Сите беа заразени со микронската варијанта на коронавирусот.

    Подтиповите на Омикрон како што се EG.5 и KSBB.1.16 моментално циркулираат во многу земји низ светот.

    Германското здружение на педијатри (БВКЈ) препорачува, како и во случај на настинка, децата заразени со корона вирусот да останат дома кога не се чувствуваат добро, имаат висока температура, дијареа или повраќање.

    По 24 часа без симптоми, детето може да се врати во градинка или училиште.

    Според претходните истражувања, возрасните заразени со Омикрон се заразни малку подолго, во просек пет дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img