На превојот Стража попладнево врне снег. Метереолозите најавуваат засилени врнежи и во текот на викендот особено на планините во западниот и во северозападниот дел од Македонија, како и на планинските превои.
Студениот априлски бран деновиве ја зафати и Македонија, проследен со нагло паѓање на температурите, ветар, врнежи од дожд, а на повисоките места и снег.
Во наредните денови на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Како што најавуваат од УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Вчера снежни врнежи имаше и во Маврово и на Попова Шапка.