More

    Стратегишкиот град Херсон ,падна во руски раце!!

    spot_img

    Руските војници се во Херсон и насилно влегле во зградата на Градскиот совет, изјави градоначалникот на тој град. Во објава на Фејсбук, напишана околу 22 часот во средата, градоначалникот на Херсон, Игор Коликаев, рече: Вооружени гости денеска влегоа во градскиот совет. Јас и мојот тим сме мирољубиви луѓе, немавме оружје, ниту пак имаше агресија од наша страна. Немаме украински вооружени сили во градот, само цивили и луѓе кои сакаат да живеат овде!“, напиша градоначалникот.

    Снимките од надзорните камери вчера потврдија дека руски оклопни возила имало во градот, но не е сосема јасно дали Русите го контролирале целиот град бидејќи украинските власти негираа дека градот е под руска контрола и дека борбите се уште траат.

    Коликаев рече дека преговара со напаѓачите. „Ништо не им ветив. Само немам што да ветам. Ме интересира само нормалниот живот на нашиот град! Само ги замолив да не пукаат во луѓе“, рече тој.

    Во градот од 20 до 6 часот е прогласен полициски час, а во градот се пропуштаат возила кои носат храна, лекови и други потреби. Градоначалникот рече дека јавниот превоз наскоро ќе биде пуштен во употреба.

    Тој ги предупреди граѓаните да не се судираат со војската.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img