Пет камиони и 37 автомобили се судрија денеска во Унгарија на автопатот М1 кај Херцегалом, во областа Пешта, при што се повредени повеќе од десет лица, од кои некои се опасни по живот, соопшти полицијата во Будимпешта.
Несреќата се случила денеска околу 14:25 часот на 26-тиот километарски дел од патот М1, во коловозната лента што води од главниот град на Унгарија, јавува МТИ.
Се запалиле 19 возила, а повредени се 26 лица, од кои шест се опасни по живот и седум со тешки повреди.
Пожарникарите од неколку локалитети им се придружија на силите на Будимпешта и на членовите на секторот за вонредни состојби на местото на настанот, заедно со четири спасувачки хеликоптери, според МТИ.