Странските инвеститори се загрижени од недостигот на работници и од високите царини

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Формирање на посебно тело кое ќе функционира по системот One Stop Shop и кое ќе ги има сите податоци за измените на законите во земјата, подобрување на исплатата на државната помош, олеснување на постапките за странските работници како и брза реакција на случувањата во Европа за да се задржат странските инвеститори во земјата се главните барања на странските инвеститори кои произлегуваат од анкетата за 2024 година која беше презентирана денеска во Стопанската комора.

Инвеститорите ги наведуваат како главни ризици во  работењето немањето доволен број и квалитетни работници, намалување на нарачките, зголемувањето на цената на репроматеријалите и компонентите,  условите за водење на бизнисот, како и корупцијата,  инфраструктурата и неусогласените царински стапки за увоз на репроматеријали со оние во Европската Унија  кои ги прават неконкурентни нивните производи на европскиот пазар.

Во  анкетата учествувале 50 компании странски инвстироти во кои работат 40.000 работници. Овие компании имаат инвестирано 4 милијарди евра од почетокот на нивната работа во земјава а само лани тие инвестирале 270 милиони евра.

-Половина од компании или добиваат државна помош или се во процес на добивање на помош. На речиси сите им доцнела исплатата на државната помотш. 90 % од комоаниите не се доволно јасни правилата за државна помош и затоа предлагаме да се формира посебно тело каде што ќе можат да најдат информации за сите промени на законите и правилата за работа во земјава – вели претседателот на советот на странски инвеститори Виктор Мизо.

Во однос на непредвидливоста тој го посочи примерот со минималната плата во земјава која се утврдува во март што е проблем за компаниите кои веќе ги имаат направено своите планови.

-На три недели пред конечното усвојување на новата минимална плата, компаниите не знаат колкава ќе биде таа, а нивните буџети се скроени и усвоени, уште лани во септември-октомври – вели Мизо.

Со оглед на состојбите со европските економии каде што се реализира најголемиот извоз на компаниите , странски инвеститори во земјава, Мизо вели дека е добро да се реагира брзо пред конкуренцијата не да се привлекуваат странски инвестиции  туку да се задржат инвеститорите кои се во земјата и да се  спасат работните места. Ова посебно важи за автомобилскиот сектор.

-Се бориме за зголемување на обемот на некои компании за да останат тука, а не намалување на обемот и нивно заминување од тука – Мизо

Тој рече дека засега не се разговарало со владата за мерки за помош на компаниите кои се зафатени со кризата, но смета дека доколку има такви мерки тие би требало да бидат за задржување на работните места, а како тоа ќе се реализира треба да одлучи владата заедно со инвеститорите.

- Advertisement -
Ad image

Странските инвеститори очекуваат конечно  да се реши прашањето со неусогласените царински стапки со ЕУ  каде што се пласира најголемиот дел од производството.

-На пример царински стапки за увоз на репроматеријали и компоненти од азиските земји се меѓу 10 и 15%, а во Европската Унија тие се меѓу 0 и 2,7%. тоа креира голема разлика од она што го увезуваме со она што го произведуваме и извезуваме. Нашите производи стануваат неконкурентни за извоз во Унијата затоа бараме хармонизација на царинските стапки со европските– вели Мизо.

Компаниите убедуваат дека на долг рок намалувањето на царинските стапки ќе обезбедат добар прилив на пари во државниот буџет.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article