More

    Стотици возила останаа со часови заробени во сообраќајниот метеж во Германија

    spot_img

    Обилните снежни врнежи во Германија доведоа до посериозни нарушувања во сообраќајот во вторникот, вклучително и 37 километри долги долга колона која се создаде во текот на ноќта во која стотици автомобили и камиони заглавија со часови на автопат, на температури под нулата.

    Стотици возила беа заробени цела ноќ во сообраќајниот метеж на автопатот А2 во западна Германија, извести полицијата во Билефелд. Спасувачките тимови одеа од автомобил до автомобил делејќи ќебиња и топли пијалоци, објави германската новинска агенција ДПА.

    Сообраќаен метеж поради снежните врнежи и замрзнатите патишта се забележани и во покраината Бранденбург на исток и во покраината Хесен во централна Германија. Возовите беа делумно откажани во неколку региони бидејќи машините за чистење снег работеа деноноќно за да ги ослободат шините од мраз и снег.

    Полицијата не можеше да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани главните сообраќајници, пренесува неделникот „Билд“.

    Во сојузната држава Тирингија, покрај снегот, на коловозот имаше и мраз, поради што голем број автопревозници ги одложија патувањата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img