More

    Безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај за Водици во Охрид

    spot_img

    Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник Богојавление-Водици, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план. Мерките се насочени кон зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и безбедност во сообраќајот.
    Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и кеј „Македонија“, каде е предвидено поставување на возилата со приоритет.
    Во текот на утрешниот ден, за сообраќај ќе биде затворен булеварот „Македонски просветители“ од пресекот со улицата „Партизанска“ кон кеј „Македонија“ до пресекот со улицата „Ванчо Николески“ како и улицата „Коста Абраш“. На кружниот тек кај градското пристаниште и на плоштадот „Крушевска Република“, ќе биде забрането запирање и паркирање на моторни и други возила. На овие сообраќајници, ќе се врши физичко регулирање на сообраќајот. Верскиот празник ќе биде обезбедуван и од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ со присуство на полициски службеници во патролни полициски чамци.
    По повод верскиот празник Богојавление-Водици, полициски службеници ќе вршат обезбедување на манифестациите и во охридските приградски населби, како и во останатите градови и населени места подрачјето на СВР Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img