Стотина мигранти ја прекачиле оградата и побегнале

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Центарот за прифат на мигранти на Сицилија денеска беа видена хаотични сцени откако стотина мигранти избегаа од кампот прескачувајќи ги оградите и пробивајќи ги бариерите, јавуваат локалните медиуми.

Припадниците на службите за итна помош неуспешно се обиделе да ги спречат да заминат.

Најмалку 100 мигранти ја преминале оградата на центарот каде има повеќе од илјада луѓе, а најмалку еден полицаец е ранет, јавува италијанска Анса.

Преполниот центар го обезбедувале околу 20 полицајци, додава агенцијата.

Градоначалникот на јужниот пристанишен град Порто Емпедокле изјави дека мигрантите побегнале од кампот поради лошите услови што владеат таму.

– Тие не побегнаа од овде за да одат на друго место, туку да бараат храна и пијалок – изјави градоначалникот Калогеро Мартело за веб-страницата RaiNews.

Условите во кампот самиот градоначалник ги оцени за нехумани и побара поддршка од владата во Рим.

Заедно со илјадниците лица, кои минатата недела пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза, повеќе од 1.000 беа испратени во засолниште во Сицилија на неколку дена.

Порто Емпедокле се смета за транзитна точка за мигрантите кои пристигнуваат од преполната Лампедуза за да бидат испратени во други градови по престојот на Сицилија. Но, центарот во моментов е преполн, бидејќи трансферот до копното се одвива исклучително бавно, јави АНСА.

- Advertisement -
Ad image

Иалијанската влада во понеделник треба да донесе нови мерки како дел од законот за регулирање на мигрантите, бидејќи минатата недела Лампедуза беше преплавена од невиден бран мигранти, со повеќе од осум илјади луѓе.

Поради ваквата несекојдневна ситуација, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, придружувана од италијанската премиерка Џорџија Мелони, вчера ја посети Лампедуза и вети поддршка од ЕУ и презентираше Акциски план за решавање на кризата.

Share This Article