Стојанче Ангелов вели дека црковното знаме ќе биде вратено на јарболот на Шапка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на Фејсбук објави слика од крстот на Попова Шапка на која се гледа дека е симнато албанското знаме кое вчера маскирани лица го поставија наместо црковното знаме на МПЦ. Тој напиша дека црковното знаме ќе биде вратено секој миг, а ги повика албанските партии и лидерот на ДУИ Али Ахмети да го осудат вандалскиот чин.

„Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе биде вратено во секој миг“, напиша Ангелов и потврди дека лицето кое го симнало знамето е приведено.

„Брзата реакција на институциите но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост. Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори.

Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба“, напиша Ангелов.

Затоа го повикувам лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин“, се вели во објавата.

Share This Article