Сточарите во Данска наскоро би можеле да плаќаат годишен данок од 90 евра по крава поради штетните емисии кои влијаат на глобалното затоплување и климатските промени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сточарите во Данска наскоро би можеле да плаќаат годишен данок од 90 евра по крава поради штетните емисии кои влијаат на глобалното затоплување и климатските промени. Коалициската влада оваа недела се согласи да го воведе првиот данок на јаглерод во светот за земјоделските емисии, кој треба да започне да се собира во 2030 година.

– Ќе бидеме првата земја во светот со земјоделски данок за емисиите на јаглерод – изјави вчера министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.

Данската млечна индустрија во голема мера го поздрави договорот и неговите цели, но тоа не е случај за некои фармери кои се бесни од одлуката.

– Ова е чиста бирократија. Знаеме дека има климатски проблем, но не веруваме дека овој договор ќе го реши – изјави претседателот на групацијата на фармери Bæredygtigt Landbrugгрупата Питер Киер.

Данскиот парламент треба да го одобри данокот годинава, а тој треба да започне да се применува во 2030 година, кога ќе изнесува 40 евра по тон емисии од добиток, за да се зголеми на 100 евра во 2035 година.

Ќе се применува даночен кредит од 60%, што значи дека на земјоделците ефективно ќе им се наплаќаат 16 евра годишно од 2030 година или 40 евра  од 2035 година.

Данските млечни крави испуштаат просечно 5,6 тони еквивалент на CO2 годишно, што значи дека фармерите ќе плаќаат  90 евра по крава според пониската даночна стапка.

Даночните приходи ќе се користат во првите 2 години за поддршка на зелената транзиција во земјоделската индустрија.

Данска е главен извозник на млечни производи и свинско месо, а земјоделството е најголемиот извор на емисии во земјата.

- Advertisement -
Ad image

Глобалниот систем на храна е главен придонесувач за климатската криза, произведувајќи околу една третина од емисиите на стакленички гасови. Особено големо влијание има сточарството, кое во 2015 година предизвика околу 12% од глобалните емисии. Дел од ова загадување доаѓа од метан, гас што ја затоплува планетата произведен од кравите и некои други животни.

Share This Article