More

    Стејт Департментот објави предупредување по убиството на лидерот на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири

    spot_img

    Убиството на лидерот на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, би можело да ги поттикне следбениците на терористичката група да покренат напади врз американски објекти или граѓани на САД, предупреди Стејт Департментот.

    „По смртта на ал-Завахири, следбениците на Ал Каеда или терористичките организации поврзани со неа би можеле да се обидат да нападнат американски објекти, службеници или граѓани. Министерството за надворешни работи верува дека постои поголем потенцијал за антиамериканско насилство со оглед на смртта на Ајман ал-Завахири на 31 јули 2022 година“, се наведува во редовното соопштение на американскиот Стејт Департмент.

    Eгипќанецот Ајман ал-Завахири беше убиен во напад извршен со беспилотно летало во неделата наутро во Кабул во Авганистан, што е најголем удар врз милитантната група по убиството на нејзиниот основач Осама бин Ладен во 2011 година.

    – Правдата е задоволена и овој терористички лидер го нема…Авганистан никогаш повеќе нема да биде засолниште за терористите – рече американскиот претседател Џо Бајден во говорот од Белата куќа.

    Ал Завахири неколку децении беше главниот идеолог на таа глобална терористичка мрежа, но никогаш не го врати статусот што Ал Каеда ја имаше под водство на Осама бин Ладен. Египетскиот офталмолог одигра клучна улога во нападите во 1998 година на американските амбасади во Кенија и Танзанија, како и во клучниот напад врз САД на 11 септември 2001 година во кој животот го загубија речиси три илјади луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img