Портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател денеска изјави дека САД не учествувале во планирањето или подготовката на украинската операција во Русија.
Украина ја изненади Москва минатата недела со инвазијата во западната руска област Курск, при што, според Киев, вооружените сили на Украина зазедоа 1.000 квадратни километри територија, што е најголемата територијална придобивка за нив од 2022 година.