Стефковски најавува крај на палењата во дивата депонија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со заменик градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски, командирот на полициската станица од општа надлежност Гази Баба Саше Стоилевски и припадници на МВР беа во посета на дивата депонија Вардариште.

„Изминатиот период во неколку наврати сведоци сме на пожар на дивата депонија Вардарише кој покрај тоа што сериозно го загадува воздухот, претставува и сериозна опасност по безбедноста на жителите од овој дел на општина Гази Баба. Како при пожарот на 02.07.2024 година, така и при вчерашниот пожар имав постојана комуникација со институциите надлежни за постапување при вакви состојби, но и со голем број на жители од населеното место Кирил Петрушевски. Реакциите на граѓаните се оправдани, а нивните барања се мои барања!
Ги прочитав сите коментари, објави и слично, но барам разбирање од граѓаните за ограничените надлежности за постапување кои ги имам јас како градоначалник, а и општина Гази Баба како локална самоуправа. Општо познато е дека дивата депонија Вардариште е во целосна надлежност на Градот Скопје за што апелирам и барам од градоначалничката Данела Арсовска да издаде задолженија за реализација на своите надлежности“, информира Стефковски.

Тој додава дека согласно неговите надлежности ги задолжил:

1. Секторот за инспекциски работи да продолжи да работи во две смени со зголемување на работното време во втората смена до 22:00 часот;

2. Секторот за инспекциски работи задолжително во текот на работното време и во втората смена да врши постојан надзор на дивата депонија Вардариште;

3. Секторот за инспекциски работи и Секторот за правни работи во текот на денешниот ден да изготват и до Основното јавно обвинителство Скопје да поднесат Иницијатива за покренување на кривична постапка против непознат сторител за загадување на амбиенталниот воздух, а очекувам Обвинителството преку превземање на истражни дејствија да дојде до сторителите и истите да бидат најстрого санкционирани;

4. Во текот на денешниот ден ќе биде испратено барање за постапување до инспекторатот при Градот Скопје во кое ќе побараме постојано дежурство на депонијата Вардариште и од нивна страна;

Тој додава дека за многу скоро ќе започнат заедничките вонредни патроли на депонијата и околу неа во чии состав ќе бидат припадници на МВР и инспектори од општинската администрација.

„Толеранција нема да има за никого! Оној за кого ќе се обезбедат докази дека е сторител на дело ќе биде најстрого санкциониран. Ги уверувам граѓаните дека мојата поддршка за решавање на овој горлив проблем ја имале, ја имаат и ќе ја имаат. Лично ќе ја следам реализацијата на задолженијата од денешниот состанок и очекувам нивното исполнување да донесе резултати. Решение за дивата депонија Вардариште мора да има“, вели Стефковски.

- Advertisement -
Ad image

Share This Article