Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што беше елиминиран во полуфиналето на Австралија опен и загуби голем број поени, останува број 1 во светот и ја почнува рекордната 411 недела на врвот на АТП листата
Предноста на Ѓоковиќ драстично се стопи по поразот од Јаник Синер во полуфиналето во Мелбурн. Првиот светски рекед падна на 9855 поени, а неговите ривали му дишат во врат, но во негова корист оди тоа што минатата сезона не играше во Индијан Велс и Мајами и затоа не брани поени, за разлика од неговите предизвикувачи – Карлос Алкараз, Данило Медведева и Јаник Синер.
Новак Ѓоковиќ кој на 22 мај ќе наполни 37 години, би можел да стане највозрасниот лидер на АТП листата. Тој рекорд и понатаму го држи Швајцарецот, кој беше прв на листата со 36 години и 320 дена.
Тоа би можело да се случи на 1 април годинава. Доколку Ѓоковиќ ја задржи лидерската позиција, со 36 години и 321 ден, тој ќе стане најстариот играч во историјата кој бил на првото место на АТП листата.