Српскиот претседател во обид да биде кошаркарски тренер

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Србија Александар Вучиќ уште еднаш реши да го сподели своето кошаркарско (не)знаење со своите следбеници на социјалните мрежи.

Познато е дека Вучиќ веќе некое време студира за да стане дипломиран кошаркарски тренер, но поради претседателските должности се чини дека е малку „зарѓан“ што се однесува за спортот под обрачите, пишува Нова.рс

Милош Вучевиќ, новиот премиер на Србија, му постави на Вучиќ прашање поврзано со кошарката, веројатно за да докаже дека претседателот знае многу за спортот и дека има предиспозиции да биде успешен тренер.
– Прашање од кошарката. Ако е кошаркарски тренер, која одбрана ја избира, отворена или затворена? Односно одбрана еден- на-еден или зонска одбрана. Тоа остана вечно прашање на спортските коментатори од мојата младост – вели Вучевиќ во видеото.

Следува одговорот на Вучиќ, кој веројатно ги шокираше сите кои сериозно се занимаваат со кошарка и кои долго време се занимаваат со тренерската дејност.

– Никој во светот повеќе не игра зонска одбрана. Порано се играше. Тоа е единственото нешто што Мута Николиќ го игра против посилни тимови, особено против Звезда, кога сака да ја потцени Звезда, и кога инаку не може да победи. И тогаш Мута игра и ги поставува сите. Звезда е посилна во рекетот, а потоа тој ги поставува  своите играчи, за целосно да го затвори рекетот, да не може Звезда да има офанзивен скок, да не може да влезе внатре, па ги пушта играчите на Звезда од корнер слободно да шутираат . Кога ќе ги оставиш слободно да шутираат, често се појавува страв и ништо не можеш да погодиш – објаснува Вучиќ со маркер во раката и таблата пред него.

 

Добрите познавачи на кошарката веднаш му реплицираа на претседателот дека во неговото тренерско излагање неточно и проблематично е тврдењето дека веќе не играат зонска одбрана. И тоа го поткрепуваат со конкретен пример од финалето на Евролигата одиграно во недела на 26 мај, на кое Реал Мадрид одигра зонска одбрана против Панатинаикос. И во текот на сезоната во Евролигата, неколку екипи ја користеа оваа одбрана, како Алба против Партизан… Минатата сезона Реал играше зона во познатата четвртфинална серија против Партизан, дури и во НБА последниве години, некои тренери и тимови се решаваат да користат таква одбранбена тактика во некои моменти.

Секој што следи и разбира кошарка е свесен дека зонската одбрана е составен дел од играта под обрачите, дека секогаш ќе се користи на овој или оној начин и дека сите тимови, од најслабите до најсилните во Европа, често ја применуваат.

Share This Article