More

    Српскиот претседател вели дека невладините работат интензивно за да го урнат од власт

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во текот на минатата и оваа година, невладините организации (НВО) во Србија добиле огромни суми пари за неговото уривање, наведувајќи дека станува збор за десетици, па дури и стотици од милиони евра, јави дописникот на МИА од Белград.

    – Оваа и минатата година ова се рекордни пари. Огромни пари. Погледнете ја само медиумската содржина и сѐ останато, тоа не се стотици милиони евра, туку милијарди евра. Само пресметајте го тоа, нема да зборувам за сè друго. Во првите шест-седум месеци се инвестирани 78 милиони евра преку овој невладин сектор, и тоа не во секој невладин сектор, туку во овој многу политички и антидржавно ориентиран – изјави Вучиќ.

    Српскиот претседател кажа дека тоа треба да се евидентира како значајно учество во странските директни инвестиции „бидејќи се работи за десетици, а јас би се осмелил да кажам стотици милиони евра“.

    Тој очекува во наредните денови јавноста да биде информирана како сето ова функционира.

    Коментирајќи го тоа што Министерството за надворешни работи на Кина објави дека има докази дека американски служби стојат зад протестите минатата година во Србија, тој порача дека внимателно ќе го проучи и прочита извештајот што беше објавен, но дека сега може да каже дека многу чудни работи се случувале во минатото, како и оваа година.

    – Кога прочитавме дел од ова, побарав целосниот извештај да го проучам детално, бидејќи има многу други интересни работи за некои други земји, за некои други субјекти, а јас сакам тоа да го прочитам. Ние внимателно ќе проучиме и прочитаме сè што објави Владата на Кина, како што секогаш читавме што објавува Стејт департментот и што објавува Руската влада. Единствено што можам да кажам е дека имаше многу чудни работи минатата и оваа година – рече Вучиќ.

    Вчера Политика во текстот „Кина открива: Америка стои зад обидот на обоената револуција во Србија“ соопшти дека Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина објавила детален извештај во кој се анализира работата на американската фондација наречена National Endowment for Democracy.

    Извештајот на кинеското Министерство за надворешни работи открива дека под маската на Националната фондација за демократија (НЕД), се спроведува субверзивен пристап на надворешната политика на САД за да се поткопа системот на други земји, преку мешање во внатрешните работи, поттикнување поделба и конфронтација, дезинформирање на јавното мислење и спроведување идеолошка инфилтрација под изговор за промовирање на демократијата.

    – Како дел од користењето на „академските“ активности како параван за мешање и инфилтрација во внатрешните работи на други земји, беше посочено дека од почетокот на руската воена интервенција во Украина, преку невладината организација „Белградски центар за безбедносна политика“ (БЦБП), која ја финансира, ги поддржа протестите на прозападните политички структури и организации во Белград и ги критикуваше надворешно-политичките позиции на Србија. Освен тоа, НЕД веќе подолго време подгрева тензии во односите меѓу Белград и Приштина – пишува Политика.

    Во врска со обвинувањата од Србија и од Русија, Американскиот Стејт департмент соопшти дека секое тврдење дека САД се мешаат во протестите во Србија или дека поддржуваат протестни движења насочени против српската влада е лажно, соопшти денеска Радио Слободна Европа (РСЕ).

    – Не сме изненадени што Русија, од друга страна, ги инструментализираше протестите за да ја постигне својата агенда во Србија, како што тоа го прави во целиот свет – се вели во денешната реакција на Стејт департментот за РСЕ.

    Реакцијата на САД уследи откако претставници на властите во Србија ги обвинија неименуваните западни земји дека ги поддржуваат еколошките протести против ископувањето литиум, каде во последните недели се собраа десетици илјади граѓани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img