More

    Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ: Армијата е распоредена на позиции кон административната линија

    spot_img

    Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, по повод подигнувањето на борбената готовност на српските вооружени сили, изјави дека армијата е распоредена на позиции кон административната линија, додавајќи дека Србија нема да дозволи уште една „Бура“ и оти земјата „ќе најде соодветен одговор, пред сѐ политички, но не и исклучува и друг, кој ќе биде адекватен на опасноста што ѝ се заканува на државата и нејзините граѓани“, објавија српските медиуми.

    – Тоа значи дека нешто пред 14 часот, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија издаде дополнителни наредби единиците на Вооружените сили на Србија да заземат одредени позиции кои беа дефинирани во согласност со нашите одбранбени планови, стратешки планови, а исто така и оперативно-тактичките акции на српските вооружени сили, со цел заштита на суверенитетот на Република Србија и нејзините граѓани – рече Вучевиќ.

    Според соопштението, српската армија е распоредена на позиции кои се на административната линија со Косово

    – Од утринава навистина сè тргна наопаку, за жал, она што претседателот на Републиката го кажа и предупреди во претходните денови и недели дека Курти нема да престане и ќе продолжи да спроведува активности насочени кон дополнително загрозување на српската заедница – рече Вучевиќ.

    Тој посочи дека во тек е обид за окупација на сите општини на северот на Косово од како што рече апсолутно нелегитимни и незаконски избрани таканаречени општински раководители, под покровителство на таканаречената косовска полиција, односно специјалните полициски единици на Приштина.

    Тој посочи дека во тек е обид за окупација на сите општини на северот на Косово од како што рече апсолутно нелегитимни и незаконски избрани таканаречени општински раководители, под покровителство на таканаречената косовска полиција, односно специјалните полициски единици на Приштина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img