More

    Српскиот министер најави голема дипломатска борба

    spot_img

    Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ по седницата на Советот за национална безбедност изјави дека на претседателот Александар Вучиќ му предал дипломатски ноти од четирите земји кои го повлекле признавањето на Косово и дека Советот го овластил Вучиќ да ја информира јавноста за кои земји станува збор, јави дописникот на МИА од Белград.

    Селаковиќ изјави дека Владата на Србија и Министерството за надворешни работи „ќе продолжат жестоко да се борат“ и ќе работат на повлекување на признавањето на Косово.

    – Ние сме под притисок да го прифатиме нарушувањето на територијалниот интегритет, кршењето на меѓународното јавно право, правниот поредок, на наша штета. Владата на САД преку соопштение од Стејт департментот, објавено по повод првата годишнина од Вашингтонскиот договор, јасно стави до знаење дека САД го сметаат договорот за валиден и ги повика Белград и Приштина да го почитуваат договорот. Со поднесувањето на барањето за членство на Косово во Советот на Европа, Приштина покажа дека не го почитува договорот, дадениот збор, како ниту ставот на државата која беше домаќин на постигнувањето на договорот – рече Селаковиќ.

    Како што оцени, на тој начин Приштина покажала дека нема намера да дојде до решение преку дијалог, туку веќе се одлучила за едностран пристап.

    – Преку работата на нашите безбедносни служби дојдовме до информации дека најмалку две големи земји работат на поддршка на Приштина за нови признавања и спречување на кампањата за повлекување на признавањата, изјави српскиот министер за надворешни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img