More

    Српската војска на готовс по случувањата на премините со Косово

    spot_img

    Министерот за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека по наредба на претседателот Александар Вучиќ, војската на Србија е во состојба на готовност, а нивото на борбена готовност е подигнато поради ситуацијата на Косово, пишува Н1. Од синоќа косовската полиција на граничните премини им издава опомени на косовските Срби кои не ги смениле своите таблички со новата ознака РКС.

    Вучевиќ во гостувањето на телевизијата Хепи изјави дека Србија е сериозна земја и затоа никој не треба да игра „воени игри“.

    – Не можеме да бидеме опуштени, но се залагаме за дијалог – посочи тој.

    Тој рече дека армијата е подготвена да ја изврши секоја наредба на Вучиќ, кој е нејзин врховен командант, заштитувајќи ги сите граѓани на Србија, вклучително и Србите на Косово, „и во тоа никој не треба да се сомнева“.

    – Србија е за дијалог. Подобро е да се преговара илјада дена, отколку да се биде во ров еден ден – рече Вучевиќ.

    Тој предупреди дека кога Србија зборува за мир и стабилност, тоа не значи дека таа е слаба или кукавица, бидејќи нејзината армија е многукратно посилна отколку што била, туку дека постапува според наредбите на шефот на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img