Српската полиција ги уапсила сопственикот на вртелешката во српското гратче Куршумлија и закупецот на плацот на кој се случи стравичната несреќа. Ова го откри министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ. За српските медиуми тој изјави:
– Во денешната несреќа во Куршумлија на саемот Марковдан, при уривање на конструкцијата на рингишпилот, повредени се 13 лица на возраст од 10 до 22 години. Едно 13-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди опасни по живот и е пренесено во центарот УКЦ во Ниш, Јован Недељковиќ, закупецот на парцелата и Зоран Љубомировиќ, сопственикот на вртелешката, се уапсени и приведени поради основано сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност.
За потсетување, повредени се 13 деца, а едно дете (12) е во кома и лекарите се борат за неговиот живот.