Српската пејачка на народна музика Нада Топчагиќ поради болки е задржана во болница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српската пејачка на народна музика Нада Топчагиќ поради болки е задржана во болница.

Како што напиша српски „Телеграф“, таа синоќа била примена во Ургентниот центар, а лекарите одлучиле да ја задржат за да ги направат потребните тестови.

Топчагиќ се пожалила на болки во пределот на стомакот, но сè уште не е утврдено што ги предизвикало.

Нејзиниот сопруг Златко Ѓорѓевиќ ја потврди оваа информација за „Телеграф“:

– Синоќа е примена на Итна помош, не ни знаеме што се случило. Таа се пожали на болки во стомакот, поради што одлучија да ја задржат во болница на детални прегледи. Ги чекаме резултатите – изјавил Златко Ѓорѓевиќ.

Откако поминаа неколку часа откако оваа информација стигна во јавноста, Златко повторно проговори и откри дека се слушнал со сопругата.

– Се слушнав со неа сега, пред пет минути, не е толку лошо. Утре ќе имам повеќе информации, сега сум со децата, добро се. За да не претпоставувам што е во прашање, кога ќе стигнат резултатите ќе зборуваме за тоа – изјавил синоќа Златко за „Пинк“.

Share This Article