Српската пејачка Ана Николиќ од месец во месец предизвикува контроверзии во јавноста.
Имено, Ана сега е снимена како еден маж на раце ја изнесува надвор од еден трговски центар во Белград.
– Единствениот начин да излезам од бутикот – рекла со насмевка на лицето Николиќ, алудирајќи на тоа дека нејзините пријатели прават сè за да ја спречат да потроши многу пари во шопинг, а поради оваа сцена луѓето се вртеле по пејачката.
Пејачката, секако, предизвика поделени коментари, па едни велат дека треба да се „смири“ и „да престане да прави скандали“, а други истакнуваат дека „убаво е да се гледа како се смее“ и дека „луѓето треба да се опуштат и да ја сфатат шегата“.
Ана Николиќ, пак, неодамна на јавноста и го претстави својот нов емотивен партнер. Таа на својот Инстаграм објави заедничко видео со извесен Немања, а коментарите беа полни со срца и честитки.
Меѓу другото, пејачката објави видео со нејзината песна „Лабилна“, чиј текст гласи:
– Мала се заљубила и тоа баш многу – гласеше меѓу другото текстот на песната на Ана додека таа заедно со спотот испраќаше бакнежи со новото момче.
ФОТО: Инстаграм