Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), остро реагираше на навивачките скандирања во текот на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска (2:2) на Европското првенство.
Албанските и хрватските навивачи на моменти во заеднички глас скандираа: Убиј го Србинот…“, а на ваквото однесување очекувано реагираа од Фудбалскиот сојуз на Хрватска.
– Фудбалскиот сојуз на Србија бара најостри мерки, па и по цена да не го продолжиме натпреварувањето. Ова е скандалозно и не сакаме да се повторува – изјави генералниот секретар на ФСС, Јован Шурабатовиќ.
Шуработивќ не потенцираше каква казна бара, но истакна дека треба да биде жестока.
– Сакаме жестоко да бидат казнети навивачите кои испраќаа неприфатливи пораки. Ќе испратиме апел до УЕФА за случувањата во натпреварот. Тоа што се случуваше нема никаква врска со фудбалот. Не сакаме да го политизираме првенството – додаде Шурабатовиќ.
Претходно УЕФА со 14.500 евра ја казни Србија поради инцидент на навивачите во текот на натпреварот со Англија.
– Ние бевме казнети, но тоа се поединечни ситуации. Ние бевме казнети поради поединци кои испраќаа расистички навреди. Тоа ние не сме. Не сакаме да се препишува на нашите навивачи. Апелирам против Словенија и Данска да нема такви работи на трибините – порача Шурабатовиќ.