More

    Граѓаните на Украина добија подобар третман од другите раселени лица поради војните

    spot_img

    Граѓаните на Украина кои ги напуштиле своите домови бегајќи од руската инвазија добиле подобар третман од другите луѓе раселени поради војни и вонредни состојби, се вели во извештајот на Советот на Европа.

    Во својот годишен извештај, Комисијата против расизмот на Советот на Европа оцени дека се направени „вонредни напори“ за поддршка на Украинците, но дека односот кон нив често зависел од етничката припадност.

    Беше наведено дека сместувањето што им се нуди на Ромите со украинско државјанство е со послаб квалитет од другите Украинци во истата ситуација.

    Веднаш по избувнувањето на војната, Африканската унија го изрази своето вознемирување поради фактот што граѓаните на африканските земји во Украина беа спречени да ја напуштат земјата.

    Забележани се значителни разлики во квалитетот на прифатните центри за Украинците во споредба со бегалците и барателите на азил од други земји.

    Би било нормално сите луѓе да бидат пречекани како Украинци, изјави извршниот секретар на Комисијата против расизмот, Јохан Фриштет.

    На прашањето дали е покажана поголема солидарност кон Украинците затоа што се бели, претседателот на Комисијата Бертил Котје одговори: „Секогаш е полесно кога луѓето се, повеќе или помалку, како тебе“.

    Утврдено е дека на сите раселени лица, без разлика на националност, боја на кожа или религија, треба да им се обезбеди соодветна заштита и поддршка.

    Според податоците на Советот на Европа, имало инциденти против Украинците, но сепак преовладува солидарноста и поддршката, додека непријателскиот говор е поприсутен кон луѓето од другите делови на светот.

    Според Ројтерс, во Европа има околу шест милиони луѓе раселени од Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img