More

    Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со претседателот на Република Латвија, Едгарс Ринкевичс.

    На средбата беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете пријателски држави, и во тој контекст беше посочена посветеноста од македонска страна за натамошно динамизирање и унапредување на политичкиот дијалог.

    Претседателот Пендаровски истакна дека Латвија е важен партнер на Северна Македонија и дека високо ја цениме поддршката што оваа балтичка држава ја дава во реализацијата на нашите стратешки цели, вклучувајќи ги аспирациите за членство во Европската Унија.

    Двајцата претседатели разменија мислења и информации за актуелните состојби во поширокиот регион, по однос на руската агресија врз Украина.

     Во таа насока, двајцата претседатели разговараа и за тековниот ангажан на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, кои се дел од Зајакнатото истурено присуство на НАТО во Латвија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img