Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан.
На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можноста за унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.
Претседателот Пендаровски го изрази интересот на нашата држава за интензивирање на економската соработка со Азербејџан, особено во областа на енергетиката.
Претседателот Пендаровски, во контекст на македонското претседателство со ОБСЕ, ги нагласи заложбите на нашата држава за мирно решавање на конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија во регионот Нагорно Карабах и изрази поддршка за сите напори што водат кон мир и иницијативите што го олеснуваат дијалогот.