More

    Средба на претседателот Пендаровски со Државниот правобранител Фехми Стафа

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски го прими Фехми Стафа, Државен правобранител на Република Северна Македонија.

    На средбата се разговараше за тековните активности на Државното правобранителство во функција на правна заштита на имотните права и интереси на државата.

    Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на улогата на Државното правобранителство во севкупниот правосуден систем, во контекст на владеењето на правото како предуслов за напредок на државата. Реформите во сферата на владеењето на правото, според претседателот Пендаровски, се меѓу приоритетите на нашата држава, што не треба да се поврзува само со процесот на пристапување кон Европската Унија, туку и со потребата од функционална правна држава и систем на правда кој ќе ги штити нашите слободи и права и заедничкиот систем на вредности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img