Средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Гир

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата беше разговарано за натамошниот тек на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија и фазите што престојат во реализацијата на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Во тој контекст, претседателот истакна дека сите институции ќе вложат максимални напори со цел успешно спроведување на скрининг процесот кој започнува во септември.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од евроамбасадорот Гир и изрази очекување дека соработката со Делегацијата на Европската Унија во земјава успешно ќе продолжи и во текот на целокупниот преговарачкиот процес.

На средбата беа разменети и мислења за можните предизвици во преговарачкиот процес, прашањата што се очекува да бидат најактуелни во преговорите, како и за конкретните придобивки од процесот.

Share This Article