Средба Грковска – Кирс: Податоците кои се однесуваат на трошењето на јавните средства мора да бидат јавни

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, во рамките на дигиталната конференција „E-governance“ што се одржува во Талин, Естонија, се сретна со надворешниот соработник на естонскиот Инспекторат за заштита на податоци Марја Кирс, со која разговараа за значењето на транспарентноста во општеството и потребата за објавување на сите податоци, особено на оние што се поврзани со трошењето на јавните средства.

Вицепремиерката Грковска оцени дека Република Северна Македонија има постигнато значаен напредок во делот на транспарентноста и нагласи дека Владата и нејзиниот Kабинет преземаат дополнителни мерки кои ќе обезбeдат значително зголемување на транспарентноста.

Сите државни институции во Естонија, информираше Кирс, имаат обврска на своите страници да ги објавуваат сите податоци, освен оние за кои има рестрикција. Секако, нагласи таа, не може да се забрани пристап до документ кој се однесува на јавните средства. Тенденцијата е овие рестрикции да бидат сведени на најниско можно ниво, а на секои пет години секој основ за ограничување на објавувањето на податоците се преиспитува.

Заменичката на претседателот на Владата Грковска нагласи дека Владата ги задолжи сите институции на своите веб-страници да објавуваат податоци за јавните набавки, со цел граѓаните, невладиниот сектор и медиумите да имаат полесен преглед на тоа како се трошат јавните средства.

На состанокот стана збор и за концептот на естонскиот Закон за јавни информации, како и за надлежнoстите на Агенцијата за заштита на податоците.

Share This Article