Деклрација треба да биде усвоена на крајот на самитот Украина-Југоисточна Европа во Тирана, а Србија бара да се променат две нешта во текстот, дознава српски Танјуг. Текстот уште не е докрај договорен.
Белград бара да се отстрани барањето за санкции кон Русија, потоа делот каде се вели дека Руската Федерација има малигно влијание врз земјите од регионот и во текстот да не стои „земји“ туку „Западнобалканска шесторка“- затоа што, како што беше соопштено, Србија не сака да го нарече Косово држава.
На самитот на кој присуствуваат челници од земјите од Западен Балкан Македонија ќе ја претставува претседателот Стево Пендаровски.