More

    Србија повторно е единствената од регионот која не ги почитуваше мерките на ЕУ против Русија

    spot_img

    Европската унија одлучи да ги продолжи рестриктивните мерки против Крим и Севатопол, како „нелегално анектирани“ делови на Руската Федерација, до 23 јуни 2024 година.

    Како што може да се види од изјавата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Ѓузеп Борељ, сите земји кандидати за членство во ЕУ од регионот ја испочитувале оваа мерка, освен Србија, пишува European Western Balkans.

    „Унијата не ја признава и продолжува да ја осудува илегалната анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација како кршење на меѓународното право. Унијата останува цврста во својата посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и е посветена на целосно спроведување на својата политика на непризнавање“, се вели во одлуката на ЕУ.

    Се додава дека се продолжуваат рестриктивните мерки воведени со одлуката од 2014 година со која се забранува увоз на стоки со потекло од Крим или Севастопол.

    Според Анализата за усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ објавена од Фондот ISAC во јули оваа година, Србија продолжи со истите шеми на (не)поврзаност со ЕУ. Минатата година Србија имаше стапка на усогласеност со ЕУ од 48%, што е најлош резултат од сите земји кандидати за членство во ЕУ. Сепак, помалку интензивното темпо на воведување нови пакети рестриктивни мерки против Русија од страна на ЕУ и помогна на Србија да ја зголеми стапката на усогласеност на 52 проценти (што претставува мало подобрување во споредба со истиот период минатата година, кога стапката на усогласеност беше 44 проценти .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img