More

    Србија и Српска се едно, ечеше на Сесрпскиот собор на Вучиќ и на Додик

    spot_img

    Утрово во утринската програма на српската телевизија Пинк беше прикажано снимка на која се вели дека „сите треба да застанат заедно како еден со командантот Александар Вучиќ“.

    Во позадина на снимката се слуша гласот на Вучиќ:

    „Тврдиот орев е чудно овошје, не се крши, туку крши заби. Не се плашиме од никого, бидејќи слободна и слободарска Србија нема од што да се плаши. Србија не смее да застане“.

    Потоа следи песната со следниот текст:

    „Косово е слатко срце, знаеш што се случи таму. Мајка плаче, го чека синот да се врати оддалеку. Нека се вее српското знаме, жестока битка е сега, се бореле сите како еден, брат со брат, со командатот Александар“.

    Вчера во Белград се одржа настанот на Сесрпскиот собор – „Еден народ, еден собор – Србија и Српска“. Сѐ започна со молитва во црквата Свети Сава. Вучиќ на централната манифестација рече дека најважна задача е Србија да ги зачува мирот и слободата:

    – Мораме да бидеме помудри од вообичаено, да покажеме дека сме доволно паметни. Умиравме во 20 век повеќе од сите други народи во целиот свет. Да се ​​обидеме да си ги спасиме главите со паметна политика на нашите деца, да се обидеме да ги зачуваме мирот и слободата и да ги постигнеме нашите витални национални цели и интереси – истакна Вучиќ.

    Во рамки на настанот се одржа заедничка седница на владите на Србија и на Република Српска, на која беше усвоена нацрт Декларацијата за заштита на националните и политичките права и заедничката иднина на српскиот народ.

    Декларацијата, меѓу другото, „ја потврдува неразделноста на Косово и Метохија од Србија“ и придржувањето до Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина и го осудува секое негово прекршување.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img