Српскиот премиер Милош Вучевиќ, пред состанокот од висок профил меѓу водачите на двата ривали во Брисел оваа недела, изјави дека Србија е подготвена да направи „договори и компромиси“ во разговорите со Косово.
– Ние сме подготвени да направиме договори и компромиси, компромиси што значат дека ниту една страна не е апсолутен победник или апсолутен губитник, но дека Србија и Албанците мора да бидат подеднакво задоволни – или подобро кажано, подеднакво незадоволни – изјави Вучевиќ.